9 „Ако се појави лепра на некој, нека го доведат при свештеникот.
10 Свештеникот нека го прегледа. Ако на кожата има бел оток со побелени влакна и со напнат чир,
11 тоа е длабоко вкоренета лепра по кожата на неговото тело. Свештеникот нека го прогласи за нечист и нека го затвори, зашто тој е нечист.
12 Ако лепрата се опсипе по кожата така што ја покрива целата кожа на болниот од главата до нозете - сè што можат да видат свештениковите очи,
13 и свештеникот согледа дека лепрата го покрила целото негово тело, нека го прогласи болниот за чист; зашто сè се претворило во бело; тој е чист.
14 Но во денот кога ќе се појави чир на него, ќе биде нечист.
15 Кога свештеникот ќе го види чирот, нека го прогласи болниот за нечист, тоа е лепра.