Левит (3 Moj.) 15:10-16 MKB

10 и секој што ќе се допре до нешто што било под него, нека биде нечист до вечерта.

11 А секој кого ќе го допре, со неизмиени раце, оној што има излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

12 Глинениот сад што ќе биде допрен од оној со изливот нека биде скршен, а секој дрвен сад нека биде измиен со вода.’

13 ‘Кога ќе се очисти од тоа, оној што има излив, тогаш нека изброи седум дена за своето очистување; нека ја испере својата облека и нека се искапе во жива вода, и нека биде чист.

14 На осмиот ден пак нека земе две грлици или две гулапчиња, нека дојде пред Господа при влезот во Шаторот на средбата, па нека му ги предаде на свештеникот.

15 Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи покривање на гревот, пред Господа, од неговиот излив.’

16 ‘Кога човекот има семеизлив, нека го искапе во вода целото свое тело и нека остане нечист до вечерта.