Левит (3 Moj.) 15:12-18 MKB

12 Глинениот сад што ќе биде допрен од оној со изливот нека биде скршен, а секој дрвен сад нека биде измиен со вода.’

13 ‘Кога ќе се очисти од тоа, оној што има излив, тогаш нека изброи седум дена за своето очистување; нека ја испере својата облека и нека се искапе во жива вода, и нека биде чист.

14 На осмиот ден пак нека земе две грлици или две гулапчиња, нека дојде пред Господа при влезот во Шаторот на средбата, па нека му ги предаде на свештеникот.

15 Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи покривање на гревот, пред Господа, од неговиот излив.’

16 ‘Кога човекот има семеизлив, нека го искапе во вода целото свое тело и нека остане нечист до вечерта.

17 Секоја облека и секоја кожа на која ќе падне таков семеизлив нека биде испрана во вода и нека остане нечиста до вечерта.

18 Ако некоја жена легне со својот маж и тој исфрли семе, нека се искапат и нека бидат нечисти до вечерта.’