Левит (3 Moj.) 15:14-20 MKB

14 На осмиот ден пак нека земе две грлици или две гулапчиња, нека дојде пред Господа при влезот во Шаторот на средбата, па нека му ги предаде на свештеникот.

15 Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи покривање на гревот, пред Господа, од неговиот излив.’

16 ‘Кога човекот има семеизлив, нека го искапе во вода целото свое тело и нека остане нечист до вечерта.

17 Секоја облека и секоја кожа на која ќе падне таков семеизлив нека биде испрана во вода и нека остане нечиста до вечерта.

18 Ако некоја жена легне со својот маж и тој исфрли семе, нека се искапат и нека бидат нечисти до вечерта.’

19 ‘Кога жената има крварење, излив на крв од своето тело, нека остане во својата нечистота седум дена; кој ќе ја допре неа, нека биде нечист до вечерта.

20 На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.