16 ‘Кога човекот има семеизлив, нека го искапе во вода целото свое тело и нека остане нечист до вечерта.
17 Секоја облека и секоја кожа на која ќе падне таков семеизлив нека биде испрана во вода и нека остане нечиста до вечерта.
18 Ако некоја жена легне со својот маж и тој исфрли семе, нека се искапат и нека бидат нечисти до вечерта.’
19 ‘Кога жената има крварење, излив на крв од своето тело, нека остане во својата нечистота седум дена; кој ќе ја допре неа, нека биде нечист до вечерта.
20 На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.
21 Кој ќе ја допре нејзината постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
22 Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.