Левит (3 Moj.) 15:17-23 MKB

17 Секоја облека и секоја кожа на која ќе падне таков семеизлив нека биде испрана во вода и нека остане нечиста до вечерта.

18 Ако некоја жена легне со својот маж и тој исфрли семе, нека се искапат и нека бидат нечисти до вечерта.’

19 ‘Кога жената има крварење, излив на крв од своето тело, нека остане во својата нечистота седум дена; кој ќе ја допре неа, нека биде нечист до вечерта.

20 На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.

21 Кој ќе ја допре нејзината постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

22 Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

23 А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на предметот на кој што седела таа, нека е нечист до вечерта.