Левит (3 Moj.) 15:18-24 MKB

18 Ако некоја жена легне со својот маж и тој исфрли семе, нека се искапат и нека бидат нечисти до вечерта.’

19 ‘Кога жената има крварење, излив на крв од своето тело, нека остане во својата нечистота седум дена; кој ќе ја допре неа, нека биде нечист до вечерта.

20 На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.

21 Кој ќе ја допре нејзината постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

22 Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

23 А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на предметот на кој што седела таа, нека е нечист до вечерта.

24 Ако некој маж преспие со неа, нејзината нечистота се прилепува до него, и нека биде нечист седум дена. Секоја постела на која ќе легне тој, нека е нечиста.’