Левит (3 Moj.) 15:20-26 MKB

20 На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.

21 Кој ќе ја допре нејзината постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

22 Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

23 А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на предметот на кој што седела таа, нека е нечист до вечерта.

24 Ако некој маж преспие со неа, нејзината нечистота се прилепува до него, и нека биде нечист седум дена. Секоја постела на која ќе легне тој, нека е нечиста.’

25 ‘Ако жената има крварење подолго време надвор од својот месечен ред, или ако нејзиниот месечен ред продолжува, нека биде сметана за нечиста за цело време на крварењето, како да се денови на нејзиниот месечен ред.

26 Секоја постела на која ќе легне, за сето време на нејзиното крварење, ќе и биде како и постелата за време на нејзиниот месечен ред. И секој предмет на кој ќе седне нека стане нечист како што би бил нечист за време на нејзиниот месечен ред.