Левит (3 Moj.) 15:26-32 MKB

26 Секоја постела на која ќе легне, за сето време на нејзиното крварење, ќе и биде како и постелата за време на нејзиниот месечен ред. И секој предмет на кој ќе седне нека стане нечист како што би бил нечист за време на нејзиниот месечен ред.

27 А секој што ќе ги допре нека биде нечист; нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.

28 Ако оздрави од своето крварење, нека изброи седум дена, и потоа нека биде чиста.

29 На осмиот ден нека земе две грлици или две гулапчиња па нека му ги донесе на свештеникот при влезот во Шаторот на средбата.

30 Свештеникот нека ги принесе: едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи да и се покрие гревот пред Господа, од нејзиното нечисто крварење.’

31 ‘Така одделувајте ги Израелците од нивните нечистотии, за да не изумрат заради нив, обесветувајќи го Мојот Шатор што се наоѓа среде нив.’

32 ‘Тоа е закон за човек, кој има излив; за оној кого семеизливот го прави нечист;