Левит (3 Moj.) 15:27-33 MKB

27 А секој што ќе ги допре нека биде нечист; нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.

28 Ако оздрави од своето крварење, нека изброи седум дена, и потоа нека биде чиста.

29 На осмиот ден нека земе две грлици или две гулапчиња па нека му ги донесе на свештеникот при влезот во Шаторот на средбата.

30 Свештеникот нека ги принесе: едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи да и се покрие гревот пред Господа, од нејзиното нечисто крварење.’

31 ‘Така одделувајте ги Израелците од нивните нечистотии, за да не изумрат заради нив, обесветувајќи го Мојот Шатор што се наоѓа среде нив.’

32 ‘Тоа е закон за човек, кој има излив; за оној кого семеизливот го прави нечист;

33 за жена во време на нечистотата на нејзиниот месечен ред; за секого - било машко било женско - што ќе има излив, а така и за оној што ќе преспие со нечиста од крварење.’”