Левит (3 Moj.) 15:3-9 MKB

3 Еве во што е неговата нечистота ако го има изливот: ако неговото тело го пушти изливот или го задржи - тој е нечист.

4 Секоја постела на која ќе легне оној што има излив нека е нечиста; и секој предмет на кој ќе седне нека е нечист.

5 А секој што ќе ја допре неговата постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

6 Кој што ќе седне на предмет на кој седеше оној, кој имал излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.

7 Кој ќе се допре до телото на оној што имал излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.

8 Ако оној што имал излив плукне на некој што е чист, тој нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

9 И секое седло на кое ќе седне оној што има излив, нека биде нечисто до вечерта;