Левит (3 Moj.) 17:2-8 MKB

2 „Говори им на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови и речи им: ‘Еве што заповеда Господ:

3 „Секој оној од Израелевиот дом кој - во логорот или надвор од логорот - заколе вол, или овца, или коза,

4 а не го донесе при влезот во Шаторот на средбата за да Му принесе дар на Господа пред Шаторот Господов, секој таков нека биде виновен: пролеал крв, и нека биде истребен од својот народ.

5 Затоа Израелевите синови нека ги доведат своите жртви, што сакаат да ги колат надвор, во полето, при влезот на Шаторот на средбата, кај свештеникот, и нека ги принесат како помирителни жртви.

6 Свештеникот нека ја излее крвта врз Господовиот жртвеник што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата, а лојот нека го изгори за благоугоден мирис на Господа,

7 така што во иднина не ќе им ги принесуваат своите жртви на бесовите со кои блудствуваат. Ова нека е вечен закон за нив и за нивните поколенија.”‘

8 „И уште речи им: ‘Секој поединец од Израелевиот дом, или странец кој живее меѓу вас, кој ќе принесе паленица или жртва,