Левит (3 Moj.) 18:24-30 MKB

24 ‘Не се онечистувајте со ништо од тоа! Со сè тоа се онечистуваат народите, што Јас ги гонам пред вас.

25 И земјата стана нечиста. Затоа ќе ја казнам за нејзините гревови, па земјата ќе ги изблува своите жители.

26 Вие пак пазете ги Моите заповеди и Моите закони: не правете ниту едно од тие гнасни нешта - ни вие ни странецот, што живее меѓу вас.

27 Зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на оваа земја, што е пред вас; и земјата стана загадена;

28 за да не ве изблува и вас земјата од себе, кога вие ќе почнете да ја загадувате, како што таа ги изблува народите, кои беа пред вас.

29 Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.

30 Затоа пазете ги Моите повелби, за да не постапувате според гнасните обичаи, според кои постапуваа пред вас, и за да не се онечистите со нив. Јас Сум Господ, ваш Бог!’”