Левит (3 Moj.) 22:10-16 MKB

10 ‘Ниеден туѓинец да не јаде од светината; ни свештениковиот гостин, ни наемникот, не смеат да јадат од светиот принос.

11 Ако свештеникот купи некого за сребро, тој може да јаде како и оној, кој се родил во неговиот дом; тие можат да јадат од неговиот леб.

12 Ако свештеникова ќерка се омажи за туѓинец, не смее да јаде од воздигнатите свети приноси.

13 Но ако свештениковата ќерка стане вдовица или биде оставена, а нема деца, па се врати во татковата куќа, може да се храни со лебот на татка си, како во својата младост. Ниеден туѓинец не смее да јаде од него.

14 Ако некој јаде свет принос од незнаење, нека му го надомести на свештеникот, додавајќи петина.

15 Нека не ги сметаат за безвредни светите приноси што Израелците Му ги принесуваат на Господа.

16 И јадејќи ги светините, би навлекле врз себе, вина за престап, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”