Левит (3 Moj.) 22:16-22 MKB

16 И јадејќи ги светините, би навлекле врз себе, вина за престап, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”

17 Господ му рече на Мојсеја:

18 „Зборувај им на Арона, на неговите синови и на сите Израелци и речи им: ‘Секој човек од Израелевиот дом или странец во Израел кој донесува свој принос - како завет или како доброволен дар, за да се принесе на Господа како паленица - за да биде примен,

19 треба да биде принесено машко, без недостаток, било да е говедо, овца или коза.

20 Не принесувајте ништо со недостаток на него, зашто тоа нема да ви биде примено.

21 Ако некој му принесува на Господа помирителна жртва за да изврши некаков завет или за да направи доброволен принос, било од крупниот или од ситниот добиток, животното - за да биде примено - треба да биде без недостаток; никаков недостаток не смее да има на него.

22 Никакво слепо или хромо, или со изместено, гушаво, со оток или со јадеж животно; такво не Му принесувајте на Господа, ниту такво положувајте врз жртвеникот како паленица на Господа.