20 Не принесувајте ништо со недостаток на него, зашто тоа нема да ви биде примено.
21 Ако некој му принесува на Господа помирителна жртва за да изврши некаков завет или за да направи доброволен принос, било од крупниот или од ситниот добиток, животното - за да биде примено - треба да биде без недостаток; никаков недостаток не смее да има на него.
22 Никакво слепо или хромо, или со изместено, гушаво, со оток или со јадеж животно; такво не Му принесувајте на Господа, ниту такво положувајте врз жртвеникот како паленица на Господа.
23 Јунец или овца со подолг или покус член можеш да принесеш како доброволен принос, но ако е жртва заветница нема да биде примена.
24 Не принесувајте Му на Господа животно свиткано, со слаби дробови, скршено или скопено. Не правете го тоа во вашата земја,
25 ниту примајте такво од странец за да го принесете во дар на вашиот Бог. Со недостаток се, зашто се повредени. Затоа нема да ви биде примено.’”
26 Господ му рече на Мојсеја: