26 Господ му рече на Мојсеја:
27 „Кога ќе се роди теле, или јагне, или јаре, седум дена нека остане покрај својата мајка. Од осмиот ден може да биде примено како паленица на Господа.
28 Не колете крава, ни овца, во ист ден со нејзиното младо.
29 Кога ќе Му принесувате на Господа жртва благодарствена, принесете ја така за да биде примена.
30 Нека биде изедена во истиот ден; не оставајте од неа за наутро. Јас Сум Господ!”
31 „Пазете ги Моите заповеди и исполнувајте ги. Јас Сум Господ!
32 Не обесчестувајте го Моето свето име, за да бидам свет среде Израелевите синови. Јас Сум Господ, Кој ве осветувам.