3 Кажи им: ‘Ако некогаш некој од вашите поколенија пристапи, во состојба на нечистота, кон светите приноси, што Израелците Му ги посветуваат на Господа, тој ќе биде истребен од пред Моето лице. Јас Сум Господ.
4 Никој од Ароновите потомци, кој ќе биде лепрозен или ќе има излив, нека не јаде од светите приноси додека не се очисти. Оној кој ќе се допре до што и да е нечисто од мртво тело или оној од кого ќе излезе семеизлив;
5 оној кој ќе се допре до некаков лазач што го прави нечист; или до човек, од кого може да стане нечист, со каква и да е нечистота;
6 оној кој ќе се допре до нешто такво нека биде нечист до вечерта и нека не јаде од светите приноси додека не го измие своето тело во вода.
7 Штом сонцето ќе зајде, очистен е. Тогаш може да јаде од светите приноси, зашто тоа му е храна.
8 Нека не јаде ни мрша ни раскинато од ѕверови, за да не се онечисти со тоа. Јас Сум Господ.
9 Нека ги пазат Моите повелби, за да не навлечат вина врз себеси и, онечистувајќи се со неа, за да не загинат заради неа. Јас, Господ, ги осветувам нив.’