Левит (3 Moj.) 22:7-13 MKB

7 Штом сонцето ќе зајде, очистен е. Тогаш може да јаде од светите приноси, зашто тоа му е храна.

8 Нека не јаде ни мрша ни раскинато од ѕверови, за да не се онечисти со тоа. Јас Сум Господ.

9 Нека ги пазат Моите повелби, за да не навлечат вина врз себеси и, онечистувајќи се со неа, за да не загинат заради неа. Јас, Господ, ги осветувам нив.’

10 ‘Ниеден туѓинец да не јаде од светината; ни свештениковиот гостин, ни наемникот, не смеат да јадат од светиот принос.

11 Ако свештеникот купи некого за сребро, тој може да јаде како и оној, кој се родил во неговиот дом; тие можат да јадат од неговиот леб.

12 Ако свештеникова ќерка се омажи за туѓинец, не смее да јаде од воздигнатите свети приноси.

13 Но ако свештениковата ќерка стане вдовица или биде оставена, а нема деца, па се врати во татковата куќа, може да се храни со лебот на татка си, како во својата младост. Ниеден туѓинец не смее да јаде од него.