1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Нареди им на Израелевите синови, да ти донесат: чисто масло од истолчени маслинки за светлина, за да гори светилникот непрекратно.
3 Арон нека го подготвува секогаш пред Господа, од вечер до утро, во Шаторот на средбата, пред завесата на Сведоштвото. Ова е вечен закон за вашите поколенија.
4 Арон нека ги одржува непрекратно светилките на чист светилник пред Господа.”