10 А синот на една Израелка, роден од татко Египетец, излезе меѓу Израелците и зафати во логорот, караница со еден Израелец.
11 И синот на Израелката го похули името Господово и го проколна. Тогаш го доведоа при Мојсеја. Името на мајка му беше Саломита, Давриина ќерка, од Дановото племе.
12 Го ставија под стража, додека не им се открие Господовата волја.
13 И Господ му рече на Мојсеја:
14 „Изведи го хулителот надвор од логорот. А сите кои го слушнаа нека ги положат своите раце на неговата глава. Тогаш целото општество нека го каменува.
15 Потоа ќе им прозбориш на Израелците вака: ‘Кој ќе Го проколне својот Бог, ќе го понесе својот грев;
16 кој ќе изговори хула против Господовото име, нека биде погубен - целата заедница нека го погуби со камења; било да е туѓинец или домородец, ако Го похули Господовото име, треба да умре.