13 И Господ му рече на Мојсеја:
14 „Изведи го хулителот надвор од логорот. А сите кои го слушнаа нека ги положат своите раце на неговата глава. Тогаш целото општество нека го каменува.
15 Потоа ќе им прозбориш на Израелците вака: ‘Кој ќе Го проколне својот Бог, ќе го понесе својот грев;
16 кој ќе изговори хула против Господовото име, нека биде погубен - целата заедница нека го погуби со камења; било да е туѓинец или домородец, ако Го похули Господовото име, треба да умре.
17 Кој ќе убие кој и да е друг човек, треба да и биде предаден на смртта.
18 Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести: животно за животно.
19 Кој ќе го повреди својот ближен, нека му биде направено како што сторил тој: