17 Кој ќе убие кој и да е друг човек, треба да и биде предаден на смртта.
18 Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести: животно за животно.
19 Кој ќе го повреди својот ближен, нека му биде направено како што сторил тој:
20 скршено за скршено, око за око, заб за заб: каква повреда му направил на човекот, така да му се направи и нему.
21 Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести; но кој ќе убие човек, треба да умре.
22 Судот нека ви биде еднаков и за придојденикот и за домородецот, зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.’”
23 Откако Мојсеј им го изложи тоа на Израелевите синови, го изведоа хулителот надвор од логорот и го засипаа со камења. И Израелците направија како што Господ му заповеда на Мојсеја.