3 Арон нека го подготвува секогаш пред Господа, од вечер до утро, во Шаторот на средбата, пред завесата на Сведоштвото. Ова е вечен закон за вашите поколенија.
4 Арон нека ги одржува непрекратно светилките на чист светилник пред Господа.”
5 „Потоа земи чисто пченично брашно и од него испечи дванаесет погачи. Во секоја погача нека има две десетини ефа.
6 Потоа нареди ги во два реда - по шест во ред - на чистиот стол што е пред Господа.
7 На секој ред стави чист темјан. Тоа нека биде на лебот за спомен - принос на Господа.
8 Во секоја сабота, постојано, нека бидат положувани пред Господа од Израелевите синови: тоа е вечен Завет.
9 Нека им припаднат на Арона и на неговите синови, кои ќе ги јадат на свето место; зашто тоа е пресвето за нив од Господовите жртви: тоа е вечна одредба.”