6 Потоа нареди ги во два реда - по шест во ред - на чистиот стол што е пред Господа.
7 На секој ред стави чист темјан. Тоа нека биде на лебот за спомен - принос на Господа.
8 Во секоја сабота, постојано, нека бидат положувани пред Господа од Израелевите синови: тоа е вечен Завет.
9 Нека им припаднат на Арона и на неговите синови, кои ќе ги јадат на свето место; зашто тоа е пресвето за нив од Господовите жртви: тоа е вечна одредба.”
10 А синот на една Израелка, роден од татко Египетец, излезе меѓу Израелците и зафати во логорот, караница со еден Израелец.
11 И синот на Израелката го похули името Господово и го проколна. Тогаш го доведоа при Мојсеја. Името на мајка му беше Саломита, Давриина ќерка, од Дановото племе.
12 Го ставија под стража, додека не им се открие Господовата волја.