Левит (3 Moj.) 25:11-17 MKB

11 Таа педесетгодишница нека ви биде јубилејна година: не сејте, не жнијте што ќе порасте само од себеси, ниту берете од нережана лоза.

12 Зашто прославата треба да биде света. Хранете се со она што ќе донесе нивата од себе.

13 ‘Во јубилејната година секој нека се врати во своето наследство.

14 Затоа, кога му продавате имот на свој сонародник или кога купувате од свој сонародник, не му нанесувајте штета на својот брат!

15 Купувај од својот ближен, откако ќе го одбиеш бројот на годините на прославата; а тој нека ти продава според бројот на годините на плодособирањето.

16 Колку повеќе години, зголеми ја цената; колку помалку години, и цената нека биде помала. Зашто, она што тој ти продава е број на едногодишни полски приходи.

17 Нека никој од вас не му нанесува штета на својот сонародник; туку бој се од твојот Бог! Зашто Јас Сум Господ, ваш Бог!’