15 Купувај од својот ближен, откако ќе го одбиеш бројот на годините на прославата; а тој нека ти продава според бројот на годините на плодособирањето.
16 Колку повеќе години, зголеми ја цената; колку помалку години, и цената нека биде помала. Зашто, она што тој ти продава е број на едногодишни полски приходи.
17 Нека никој од вас не му нанесува штета на својот сонародник; туку бој се од твојот Бог! Зашто Јас Сум Господ, ваш Бог!’
18 ‘Исполнувајте ги Моите закони и Моите наредби; спроведувајте ги верно на дело па ќе живеете безопасно на земјата.
19 Земјата ќе го дава својот род, ќе јадете до наситка и ќе живеете спокојно.
20 Ако речете: „Со што ќе се храниме во седмата година, кога не ќе сееме, ниту ќе собираме плодови?”
21 Јас ќе го испратам Мојот благослов на вас: шестата година ќе роди за три години.