Левит (3 Moj.) 25:22-28 MKB

22 Кога ќе сеете во осмата година, ќе се храните со стари плодови до деветтата година. Додека не дојдат нејзините плодови, ќе јадете стари.

23 Земјата не смее да биде продадена за секогаш, зашто земјата Ми припаѓа Мене, додека вие сте само странци и гости кај Мене.

24 Затоа во секој крај каде што имате земјишна сопственост, треба да дозволите откупување на земјата.’

25 ‘Ако твојот брат осиромаши и ако продава од својата татковина, нека дојде неговиот најблизок роднина и нека го откупи она што го продава неговиот брат.

26 Ако нема некого да ја откупи, а после и самиот стане имотен и спечали средства за да ја откупи,

27 нека ги изброи годините од продавањето, нека му исплати на купувачот износ за другото време и нека се врати на своето наследство.

28 Ако нема средства за да ја откупи, тогаш продаденото нека остане во рацете на купувачот до јубилејната година. А кога ќе стапи во јубилејот, нека се врати на својата таткова земја.’