Левит (3 Moj.) 25:33-39 MKB

33 Ако некој левит не се послужи со своето право за откуп, тогаш куќата што ќе биде продадена, во градот на неговата сопственост, ќе му биде вратена во прославата. Зашто кај Израелците куќите во градовите на левитите се нивна сопственост.

34 Неизградената земја околу нивните градови не може да биде продадена, зашто таа е нивна сопственост за сите времиња.’

35 ‘Ако твојот брат осиромаши и е без средства при тебе; помагај го, како да е странец или гостин, за да може да живее со тебе!

36 Не земај од него ни камата ни печалба. Бој се од својот Бог, и твојот брат нека живее со тебе.

37 Не давај му сребро на заем со камата, ниту му ја давај твојата храна за печалба.

38 Јас, Господ, вашиот Бог, ве избавив од Египетската Земја за да ви ја дадам Ханаанската Земја и за да бидам ваш Бог.’

39 ‘Ако осиромаши твојот брат, кај тебе, и ако ти се продаде, не присилувај го да ти служи како роб.