Левит (3 Moj.) 25:43-49 MKB

43 Не постапувај грубо со нив и бој се од твојот Бог!

44 А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас.

45 Можете да ги купувате и од придојдениците, кои се населени меѓу вас; од нивните семејства што живеат со вас и што се родени во вашата земја. Таквите можат да станат ваша сопственост.

46 Нив можете да им ги предавате во наследство на вашите деца, за да ги наследат за секогаш во сопственост. Кон нив можете да постапувате како кон робови. Но кон своите браќа, Израелевите синови, никој не смее да господари со жестокост.’

47 ‘Ако туѓинецот или придојденикот, кој живее со тебе, се збогати, а твојот брат осиромаши кај него, па ако му се продаде на странецот, кој живее со тебе, или на кој и да е потомок на семејството на придојденикот;

48 тој може да биде откупен и по продавањето. Нека го откупи некој од неговите браќа;

49 или, нека го откупи неговиот стрико, неговиот роднина или кој и да е од неговото семејство од неговата крв. Или, ако има средства нека се откупи сам.