Левит (3 Moj.) 25:47-53 MKB

47 ‘Ако туѓинецот или придојденикот, кој живее со тебе, се збогати, а твојот брат осиромаши кај него, па ако му се продаде на странецот, кој живее со тебе, или на кој и да е потомок на семејството на придојденикот;

48 тој може да биде откупен и по продавањето. Нека го откупи некој од неговите браќа;

49 или, нека го откупи неговиот стрико, неговиот роднина или кој и да е од неговото семејство од неговата крв. Или, ако има средства нека се откупи сам.

50 Нека го пресмета времето, со својот купувач, од годината кога му се продал до јубилејната година. Цената на неговото ослободување нека биде според бројот на годините. Времето што го поминал кај својот купувач нека се процени како време на еден наемник.

51 Ако остануваат уште многу години, нека исплати за својот откуп сребро, сразмерно на цената со која бил купен.

52 А ако остануваат само неколку години до јубилејната година, нека пресмета и нека исплати за својот откуп според годините на службата.

53 Нека биде при него како наемник, во сите години. Тој не смее да господари над него со жестокост, пред твоите очи.