Левит (3 Moj.) 25:48-54 MKB

48 тој може да биде откупен и по продавањето. Нека го откупи некој од неговите браќа;

49 или, нека го откупи неговиот стрико, неговиот роднина или кој и да е од неговото семејство од неговата крв. Или, ако има средства нека се откупи сам.

50 Нека го пресмета времето, со својот купувач, од годината кога му се продал до јубилејната година. Цената на неговото ослободување нека биде според бројот на годините. Времето што го поминал кај својот купувач нека се процени како време на еден наемник.

51 Ако остануваат уште многу години, нека исплати за својот откуп сребро, сразмерно на цената со која бил купен.

52 А ако остануваат само неколку години до јубилејната година, нека пресмета и нека исплати за својот откуп според годините на службата.

53 Нека биде при него како наемник, во сите години. Тој не смее да господари над него со жестокост, пред твоите очи.

54 Ако не биде откупен вака; тогаш, тој и неговите деца, со него, нека си отидат во јубилејната година;