Левит (3 Moj.) 26:17-23 MKB

17 Јас ќе го свртам Моето лице од вас, и вашите непријатели ќе ве убиваат. Оние што ве мразат ќе господарат над вас. Ќе бегате и тогаш кога никој не ќе ве гони.

18 Па ако не Ме послушате и покрај тоа, Јас ќе ве казнувам седумкратно за вашите гревови.

19 Јас ќе ја скршам гордоста на вашата сила. Небото ќе го направам како железо, а вашата земја како бакар.

20 Напразно ќе се троши вашата сила. Земјата не ќе ви го дава повеќе својот род, ниту дрвата на земјата ќе ги донесуваат своите плодови.’

21 ‘Ако се противите уште и натаму, ако не сакате да Ме послушате седумкратно ќе ги зголемам врз вас раните за вашите гревови.

22 Ќе ги пуштам горските ѕверови на вас за да ве лишат од децата, за да ви го издават добитокот и ќе ве намалат, така што патиштата ќе ви запустат.’

23 ‘Ако и тоа не ве поправи, па ако продолжите со живеењето што Ми се противи,