23 ‘Ако и тоа не ве поправи, па ако продолжите со живеењето што Ми се противи,
24 тогаш и Јас ќе ви се спротивам вам и Самиот ќе ве удрам седумкратно за вашите гревови.
25 Ќе доведам меч на вас, нека се искали со одмазда за Заветот. А кога ќе се соберете во вашите градови, ќе испратам помор на вас, и ќе бидете предадени во рацете на непријателот.
26 А кога ќе ви го прекратам снабдувањето со леб; десет жени ќе ви печат леб во една печка; ќе ви дадам леб со мерка. Ќе јадете, но нема да бидете сити.’
27 ‘Ако и после тоа не Ме послушате, туку Ми се спротивставувате и натаму,
28 и Јас ќе ви се спротивставувам - ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.
29 Ќе јадете месо од вашите синови, ќе јадете месо од вашите ќерки.