26 А кога ќе ви го прекратам снабдувањето со леб; десет жени ќе ви печат леб во една печка; ќе ви дадам леб со мерка. Ќе јадете, но нема да бидете сити.’
27 ‘Ако и после тоа не Ме послушате, туку Ми се спротивставувате и натаму,
28 и Јас ќе ви се спротивставувам - ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.
29 Ќе јадете месо од вашите синови, ќе јадете месо од вашите ќерки.
30 Ќе ги разурнам вашите возвишени места; ќе ги разрушам вашите столбови и ќе ги фрлам вашите трупови врз вашите искршени гнасни идоли, и ќе се згнаси душата Моја од вас.
31 Ќе ги претворам вашите градови во урнатини; ќе ги запустам вашите светилишта; и не ќе го мирисам повеќе вашиот благопријатен мирис.
32 Јас ќе ја претворам земјата во пепелиште, така што вашите непријатели кои ќе се населат во неа, ќе се вчудоневидат над неа.