Левит (3 Moj.) 26:29-35 MKB

29 Ќе јадете месо од вашите синови, ќе јадете месо од вашите ќерки.

30 Ќе ги разурнам вашите возвишени места; ќе ги разрушам вашите столбови и ќе ги фрлам вашите трупови врз вашите искршени гнасни идоли, и ќе се згнаси душата Моја од вас.

31 Ќе ги претворам вашите градови во урнатини; ќе ги запустам вашите светилишта; и не ќе го мирисам повеќе вашиот благопријатен мирис.

32 Јас ќе ја претворам земјата во пепелиште, така што вашите непријатели кои ќе се населат во неа, ќе се вчудоневидат над неа.

33 Вас ќе ве распрснам по народите; ќе извлечам меч од зад вас, така што вашата земја ќе биде претворена во пустина, а градовите во урнатини.’

34 ‘Тогаш земјата ќе ги задоволи своите саботи за целото време, додека биде пуста и додека вие ќе бидете во земјата на вашите непријатели. Земјата ќе се одмори тогаш и ќе може да ги задоволи своите саботи.

35 Сè додека биде пуста, ќе има починка, што не ја имаше во времето на вашите саботи додека вие живеевте во неа.