Левит (3 Moj.) 26:3-9 MKB

3 ‘Ако живеете според Моите закони, ако ги пазите Моите заповеди и ако ги спроведувате во дело,

4 ќе ви дадам дожд во право време, па земјата ќе раѓа род, а стеблата по полето ќе донесуваат плодови.

5 Вршењето ќе ви го достигнува гроздоберот, а бербата ќе го достигнува сеењето. Ќе јадете свој леб до наситка, и ќе живеете безопасно во вашата земја.

6 Ќе и дадам мир на земјата; така ќе почивате и никој не ќе ве плаши. Ќе ги отстранам штетните животни од земјата; меч нема да помине низ вашата земја.

7 Ќе ги терате во бегство вашите непријатели, а тие ќе паѓаат пред вас од меч.

8 Петмина од вас ќе тераат во бегство стотина од нив, стотина од вас ќе тераат во бегство десет илјади од нив. Да, вашите непријатели ќе паѓаат од меч пред вас.

9 Ќе погледам кон вас и ќе направам да сте плодоносни и многубројни, утврдувајќи го Мојот Завет со вас.