Левит (3 Moj.) 26:37-43 MKB

37 Ќе се сопнуваат еден од друг како кога се бега пред меч, иако никој нема да ги гони. Не ќе се одржите пред вашите душмани;

38 ќе изгинете меѓу народите - ќе ве голтне земјата на вашите непријатели.

39 А кој ќе преживее од вас, ќе венее во земјата на вашите непријатели заради своите беззаконија; ќе венеат и заради беззаконијата на своите татковци.’

40 ‘Тогаш ќе ги признаат своите беззаконија и беззаконијата на своите татковци што ги направија против Мене со престапите, зашто Ми се противеа.

41 И Јас требаше да им се спротивставам ним и да ги воведам во земјата на нивните непријатели. Тогаш, најпосле, ќе се понизи нивното закоравено срце и тогаш тие ќе трпат мака за своите беззаконија.

42 Тогаш Јас ќе се сетам за Мојот Завет со Јакова и за Мојот Завет со Исака, ќе си спомнам за Мојот Завет со Авраама - ќе си спомнам за земјата.

43 Земјата, оставена од нив, ќе ги задоволи своите саботи, кога ќе остане пуста заради нив. А тие ќе трпат заради своето беззаконие, зашто ги отфрлија Моите заповеди, зашто ги презреа Моите закони.