Левит (3 Moj.) 26:40-46 MKB

40 ‘Тогаш ќе ги признаат своите беззаконија и беззаконијата на своите татковци што ги направија против Мене со престапите, зашто Ми се противеа.

41 И Јас требаше да им се спротивставам ним и да ги воведам во земјата на нивните непријатели. Тогаш, најпосле, ќе се понизи нивното закоравено срце и тогаш тие ќе трпат мака за своите беззаконија.

42 Тогаш Јас ќе се сетам за Мојот Завет со Јакова и за Мојот Завет со Исака, ќе си спомнам за Мојот Завет со Авраама - ќе си спомнам за земјата.

43 Земјата, оставена од нив, ќе ги задоволи своите саботи, кога ќе остане пуста заради нив. А тие ќе трпат заради своето беззаконие, зашто ги отфрлија Моите заповеди, зашто ги презреа Моите закони.

44 Но ни тогаш, додека бидат во земјата на нивните душмани, не ќе ги отфрлам ниту ќе ги презрам, така за да ги уништам сосем и за да го прекршам Мојот Завет со нив. Зашто Јас Сум Господ, нивниот Бог.

45 Заради нив ќе си спомнам за Заветот со нивните предци, кои ги изведов од Египетската Земја пред очите на народите, за да бидам нивен Бог, Јас Сум Господ.’”

46 Тоа се повелбите, судовите и законите, кои Господ ги постави меѓу Себе и Израелците - преку Мојсеја - на Синајската Гора.