5 Вршењето ќе ви го достигнува гроздоберот, а бербата ќе го достигнува сеењето. Ќе јадете свој леб до наситка, и ќе живеете безопасно во вашата земја.
6 Ќе и дадам мир на земјата; така ќе почивате и никој не ќе ве плаши. Ќе ги отстранам штетните животни од земјата; меч нема да помине низ вашата земја.
7 Ќе ги терате во бегство вашите непријатели, а тие ќе паѓаат пред вас од меч.
8 Петмина од вас ќе тераат во бегство стотина од нив, стотина од вас ќе тераат во бегство десет илјади од нив. Да, вашите непријатели ќе паѓаат од меч пред вас.
9 Ќе погледам кон вас и ќе направам да сте плодоносни и многубројни, утврдувајќи го Мојот Завет со вас.
10 Ќе се храните со стари минатогодишни жита; и ќе ги исфрлите старите заради новите жита.
11 Ќе го поставам Моето живеалиште меѓу вас, и нема да ве отфрлам;