7 Ќе ги терате во бегство вашите непријатели, а тие ќе паѓаат пред вас од меч.
8 Петмина од вас ќе тераат во бегство стотина од нив, стотина од вас ќе тераат во бегство десет илјади од нив. Да, вашите непријатели ќе паѓаат од меч пред вас.
9 Ќе погледам кон вас и ќе направам да сте плодоносни и многубројни, утврдувајќи го Мојот Завет со вас.
10 Ќе се храните со стари минатогодишни жита; и ќе ги исфрлите старите заради новите жита.
11 Ќе го поставам Моето живеалиште меѓу вас, и нема да ве отфрлам;
12 ќе одам меѓу вас и ќе ви бидам Бог, а вие ќе бидете Мој народ.
13 Јас, Господ, вашиот Бог, ве изведов од Египетската Земја за да не бидете повеќе робови; ги скршив врските на вашиот јарем и направив да одите исправени.’