9 Ќе погледам кон вас и ќе направам да сте плодоносни и многубројни, утврдувајќи го Мојот Завет со вас.
10 Ќе се храните со стари минатогодишни жита; и ќе ги исфрлите старите заради новите жита.
11 Ќе го поставам Моето живеалиште меѓу вас, и нема да ве отфрлам;
12 ќе одам меѓу вас и ќе ви бидам Бог, а вие ќе бидете Мој народ.
13 Јас, Господ, вашиот Бог, ве изведов од Египетската Земја за да не бидете повеќе робови; ги скршив врските на вашиот јарем и направив да одите исправени.’
14 ‘Но ако не Ме послушате, и ако не ги исполните сите овие Мои заповеди;
15 ако ги отфрлите Моите закони, ако ги изгазите Моите наредби и ако го нарушите Мојот Завет, не исполнувајќи ги сите Мои заповеди,