16 Нека надомести колку што згрешил во однос на светите работи и нека додаде уште петина кон тоа, и нека му го даде на свештеникот сè тоа; и свештеникот ќе направи да му биде покриен гревот со овенот на жртвата за престап, и ќе му биде простено.”
17 „Ако некој и не знаејќи згреши и стори нешто што Господ забранил, виновен е, и нека ги носи последиците од својата кривица.
18 Нека му донесе на свештеникот, како жртва за престап, од своето стадо: овен без порок, според твоја процена; и свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот прекршок, што го направил во незнаење, и ќе му биде простено.
19 Тоа е жртва за престап, со кој згрешил пред Господа.”