Левит (3 Moj.) 5:2-8 MKB

2 или ако некој се допре до што и да било нечисто, мрша на нечист ѕвер, мрша на нечисто животинче или мрша на нечист влекач - и од незнаење стане нечист и виновен;

3 или ако некој се допре до човечка нечистота, или до што и да е од што се станува нечист, и не е свесен за тоа, кога ќе дознае, бидува одговорен.

4 Натаму, ако некој непромислено изусти заклетва на добро или зло - на што веќе човекот се заколнува непромислено - и не е свесен за тоа, тогаш, кога ќе дознае, станува виновен;

5 и така ако некој стане виновен во што и да е од тоа, нека се исповеда за вината

6 и нека Му принесе на Господа за својот грев, што го сторил, жртва за престап: едно женско од ситниот добиток, јагне или јаре, за грев, и свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев.’

7 ‘Ако не е во состојба да принесе овца, како надомест за направениот грев, нека Му принесе на Господа две грлици или две гулапчиња; едното како жртва за грев, а другото како паленица.

8 Нека ги донесе при свештеникот, а тој нека го принесе најнапред она што е одредено за жртва за грев. Откако ќе го притисне за вратот, нека му ја скрши шијата, но нека не ја откине главата.