1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Земи ги: Арона, а со него и неговите синови; облеките и маслото за помазание, јунецот на жртвата за грев, двата овна и кошницата со бесквасни лебови,
3 па собери ја целата заедница при влезот од Шаторот на средбата.”
4 Мојсеј направи како што му нареди Господ, и општеството се собра при влезот од Шаторот на средбата.
5 Тогаш Мојсеј и проговори на заедницата: „Господ нареди да се направи ова.”
6 Потоа Мојсеј ги изведе Арона и неговите синови и ги изми со вода.