Левит (3 Moj.) 8:10-16 MKB

10 Потоа Мојсеј го зеде маслото за помазание и ги помаза Шаторот на средбата и сè што е во него, за да ги освети.

11 Седумпати го попрска со него жртвеникот па ги помаза жртвеникот и сиот негов прибор, мијалникот со неговото подножје, за да ги освети.

12 Излеа миро врз Ароновата глава и го помаза, за да го посвети.

13 Потоа Мојсеј ги доведе Ароновите синови; ги облече во хитони (облеки), ги препаша со појаси и им сложи капи, како што Господ му нареди на Мојсеја.

14 Потоа доведе јунец за жртва за грев. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на јунецот на жртвата за грев.

15 И Мојсеј го закла, па ја зеде крвта и со својот прст ја стави на роговите околу жртвеникот. Така го очисти жртвеникот. Другата крв ја излеа во подножјето на жртвеникот; го освети, за да го направи чист.

16 Потоа Мојсеј ги зеде: сиот лој што беше околу внатрешноста, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој, и ги изгоре на жртвеникот.