14 Потоа доведе јунец за жртва за грев. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на јунецот на жртвата за грев.
15 И Мојсеј го закла, па ја зеде крвта и со својот прст ја стави на роговите околу жртвеникот. Така го очисти жртвеникот. Другата крв ја излеа во подножјето на жртвеникот; го освети, за да го направи чист.
16 Потоа Мојсеј ги зеде: сиот лој што беше околу внатрешноста, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој, и ги изгоре на жртвеникот.
17 А кожата од јунецот, неговото месо и неговата нечистота ги изгоре во оган надвор од логорот, како што Господ му нареди на Мојсеја.
18 Тогаш доведе овен за жртва паленица. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на овенот.
19 А Мојсеј го закла и го попрска со крвта жртвеникот од сите страни.
20 Откако го исече овенот на делови, Мојсеј ги изгоре главата, деловите и лојот.