Левит (3 Moj.) 8:17-23 MKB

17 А кожата од јунецот, неговото месо и неговата нечистота ги изгоре во оган надвор од логорот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

18 Тогаш доведе овен за жртва паленица. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на овенот.

19 А Мојсеј го закла и го попрска со крвта жртвеникот од сите страни.

20 Откако го исече овенот на делови, Мојсеј ги изгоре главата, деловите и лојот.

21 Во вода ги изми внатрешноста и нозете па го изгоре целиот овен на жртвеникот. Тоа е паленица за пријатен мирис - жртва палена на Господа - како што Господ му заповеда на Мојсеја.

22 Потоа доведе друг овен, овен за жртва за посветување. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на овенот.

23 Мојсеј го закла, ја зеде неговата крв и ја стави на крајот на Ароновото десно уво, на палецот на неговата десна рака и на големиот прст на неговата десна нога.