Левит (3 Moj.) 8:28-34 MKB

28 И Мојсеј пак го зеде тоа од нивните раце и го изгоре на жртвеникот со паленицата; тоа беше жртва за посветување, за пријатен мирис, палена жртва на Господа.

29 Најпосле Мојсеј ги зеде градите и ги принесе како движен принос пред Господа: тоа беше Мојсеев дел од овенот за посветување, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

30 Потоа Мојсеј зеде масло за помазание и од крвта што беше на жртвеникот, па ги попрска Арона и неговите облеки, а така и неговите синови и нивните облеки. Така ги посвети Арона и неговите облеки; неговите синови и нивните облеки.

31 Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови: „Сварете го месото при влезот на Шаторот на средбата и јадете го таму со лебот што е во кошницата за жртвата за посветување, како што наредив: нека го јадат Арон и неговите синови!

32 А што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го во оган.

33 Седум дни не одете си од влезот на Шаторот на средбата до денот кога ќе се исполни времето за вашето посветување. Зашто се потребни седум денови за вашето посветување.

34 Како што се правеше денес, Господ нареди да се работи така и натаму за ваше покривање на гревот.