Левит (3 Moj.) 8:30-36 MKB

30 Потоа Мојсеј зеде масло за помазание и од крвта што беше на жртвеникот, па ги попрска Арона и неговите облеки, а така и неговите синови и нивните облеки. Така ги посвети Арона и неговите облеки; неговите синови и нивните облеки.

31 Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови: „Сварете го месото при влезот на Шаторот на средбата и јадете го таму со лебот што е во кошницата за жртвата за посветување, како што наредив: нека го јадат Арон и неговите синови!

32 А што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го во оган.

33 Седум дни не одете си од влезот на Шаторот на средбата до денот кога ќе се исполни времето за вашето посветување. Зашто се потребни седум денови за вашето посветување.

34 Како што се правеше денес, Господ нареди да се работи така и натаму за ваше покривање на гревот.

35 Затоа останете при влезот на Шаторот на средбата седум дни, дење и ноќе вршејќи што наредил Господ, за да не изумрете. Јас добив таква заповед.”

36 Арон и неговите синови направија сè што нареди Господ преку Мојсеја.